04/02/2026
Како компанија, горди сме што можевме да придонесеме за подобрување на условите за работа на припадниците на полицијата. Веруваме дека подобрите услови значат поголема ефикасност, сигурност и безбедност за сите . Ви благодариме за посветеноста и професионалноста – остануваме отворени за поддршка и во иднина.
Независниот синдикат на полицијата (НСП) упатува искрена благодарност до правното лице ДООЕЛ „ОНИКС ТРАНСПОРТ“ и управителот Бобан Савев, кои за потребите на синдикатот обезбедија клима уред HOOBART HBAX 12INV.
Се надеваме дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина, на взаемно задоволство и во интерес на подобрување на условите за работа.
Од страна на претседателот на Синдикалната организација при СВР Штип, Зоран Данилов, клима уредот е предаден на користење на Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кочани.
🤝 НСП продолжува да работи посветено во интерес на своите членови и подобрување на работните услови.