This is the WAY

This is the WAY Места каде сме патувале со камперот

Има една работа со која се зафатив пред повеке од една година?! Толку траеше сето истражување , собирање податоци , инфо...
06/08/2026

Има една работа со која се зафатив пред повеке од една година?! Толку траеше сето истражување , собирање податоци , информации за материјали , процеси на обработка на материјалите и се' околу една тема . ГРАДЕЊЕ БРОД !!! И тоа не било каков брод , ами катамаран. Тој има 2 пловки/кануа и е со димензии од 8,8м должина и 5 м ширина. ГОЛЕМ !!! И голем залак за мене . Но не преголем. Едноставно , сакав да се пробам и на тоа поле , да си ги исполнам годините пред мене , да имам некоја цел . Материјалите , во случајов епоксидна смола , фиберглас ткаен и ПВЦ плочи , се порачаа, а нивниот превоз од Кина до Прилеп , беше мала авантура, и тоа главно поради НЕЗНАЕЊЕТО на превозниците !! Ме чинеше скапо, ми потрошија неколку месеци и многу нерви. АМа ај за ум, да не ангажираш друг пат почетници . Нејсе , бидна, материјалите се добија и почна производството од април . Резултатите од градењето се на посебна подстрана на ФБ , според линков : https://www.facebook.com/profile.php?id=61580708024069 . Повелете погледајте од почеток и следете ја градбата на првиот катамаран во Македонија. Инаку , кога ке биде готов, патува за Егејско море , па OVER SEVE SEAS , како што кажува насловот на страната ( ПРЕКУ СЕДУМ МОРИНА :) )

Целата приказна околу правењето на катамаран , поринувањето и неговата пловидба по седумте морина

Деновиве ( впрочем , цело лето ) на Крушево се одржуваат летови со параглајдери. Доаѓаат од цел свет, поради извонвредна...
27/07/2026

Деновиве ( впрочем , цело лето ) на Крушево се одржуваат летови со параглајдери. Доаѓаат од цел свет, поради извонвредната „термика“ во крушевскиот дел . Подолу се сликите и видеата од вчерашниот старт.

BENIDORM -  Шпанија . Последното место од Шпанија беше Бенидорм. Екклузивно место , со многу добри хотели и убава плажа ...
29/04/2026

BENIDORM - Шпанија . Последното место од Шпанија беше Бенидорм. Екклузивно место , со многу добри хотели и убава плажа . Она што посебно нервираше беше ограничувањето на брзината за цел град на 30 км /х , а некда дури имаше и 20 , па и 10 км на час. Дајте бре луѓе, направете го цел град пешачка зона , па да не му ја мислам која камера ме фатила. Целта на патувањето во овој град беше Murador de Casteli . Место на самата плажа , каде се спушташ преку голем број на скали и на крајот има убав видиковец.Инаку другото баш и не беше нешто посебно. . Со ова го завршивме нашето патување , долго 11 000 км, низ дел од Франција, северна Шпанија , Португалија и јужна Шпанија. Убаво патување.. Видовме многу места , некои дури се „од пат“, не се толку „извикани “ , како на пр. Sepulveda ( Место каде се снимаше мојата омилена серија The Walking dead) ili Orbaneo de Castilja со својот водопад и др.места лпи вредеше да се видат . Време на карневали ( Венеција, Памплона ) , малку лошо време по пат и никакви бранови во Назаре, Португалија, кое иначе е познато по 7-8 , па и 10 метарски бранови и е рај за сурфери. ДО СЛЕДНОТО ПАТУВАЊЕ !

GUADIX, Шпанија . Мало, интересно градче .Познато по местото на снимање на Индијана Џонс  и по малите бели оџаци на куќа...
22/04/2026

GUADIX, Шпанија . Мало, интересно градче .Познато по местото на снимање на Индијана Џонс и по малите бели оџаци на куќарките сместени под земја. Тука е сниман првиот филм Indiana Jones and the Last Crusade . Тука се фотографиите од местото, реалното и од филмот. Остатокот од прошетката низ градот открива убави места . Над самиот град се населби со интересните куќи од кои голем дел се закопани во земјата и надвор се гледаат само белите оџаци

GRANADA, Шпанија . Останаа уште неколку града низ Шпанија за посета на нашето патување во фебруари . Еден од нив е Грана...
18/04/2026

GRANADA, Шпанија . Останаа уште неколку града низ Шпанија за посета на нашето патување во фебруари . Еден од нив е Гранада. Одиме по втор пат , зошто претходниот пат не можевме да најдеме паркинг , буквално се возевме повеке од половина сат и на крај најдовме место далеку 6-7 километри од центарот и си заминавме . Овој пат најдовме место , дури и преспаме таму . Утрото тргнавме на неколку километарска прошетка до АЛхамбра, по нагорнина . Прекрасен комплекс, со тврдина и познатиот дворец. Но за жал , немаше карти тој ден, па само се прошетавме низ тврдината , а во дворецот? Па некој друг пат. Потоа отидовме во центарот. Убав за шетање, но кога влеговме во една катедрала, вилиците буквално ни паднаа од восхит. Толку прекрасна катедрала, толку убави длабокорези немавме видено досега.. И буквално целата беше украсена со нив. Погледајте..

Убава бројка од километри со камперот  од  нашите патувања. Кај да е ке има уште една осумка напред :)
15/04/2026

Убава бројка од километри со камперот од нашите патувања. Кај да е ке има уште една осумка напред :)

Велигден во манастирот Св.Никола кај Порто Лагос, Грција. На нашите патувања за Турција одиме по стариот пат према Кавал...
12/04/2026

Велигден во манастирот Св.Никола кај Порто Лагос, Грција. На нашите патувања за Турција одиме по стариот пат према Кавала и Александрополи . Има интересни места кои ако се оди по автопат , нема шанси да се видат. Така ги сретнавме манастирот Св.Никола и малата црквичка , кај Порто Лагос, кај Ксанти, после Кавала. Направени се на 2 островчина, заедно со малата црквичка, поврзани со мостови . Стално е настанет со монаси и редовно се одржува служба. Така да оваа година одејки до Истанбул , го гаѓавме времето да се погоди за Велигден. Интересна богослужба, различна и од кај нас и од онаа лани во Тбилиси, Грузија.

MALAGA - Шпанија . Прекрасната Малага , така беше и наречена слаткарницата во Скопје , кај Беко , кога бевме студенти, с...
04/04/2026

MALAGA - Шпанија . Прекрасната Малага , така беше и наречена слаткарницата во Скопје , кај Беко , кога бевме студенти, со мојата сопатничка во животот и на нашите патувањата , одевме на сладолед . Паркиравме малку подалеку кај портот и светилникот и направивме една дообра прошетка . Времето прекрасно, топло, расшетани млади , убави паркови , улици , градби ..

ESTEPONA - Шпанија . Прекрасно градче , малку познато. Убаво за прошетка со своите мурали, саксии со прекрасни цвеќиња п...
04/04/2026

ESTEPONA - Шпанија . Прекрасно градче , малку познато. Убаво за прошетка со своите мурали, саксии со прекрасни цвеќиња по зидовите на улиците . И спомениците на секој чекор ..

ALGESIRAS - Шпанија . Освен како големо пристаниште ( од каде лани тргнавме за Мароко со траект) ,  Алѓесирас е и познат...
01/04/2026

ALGESIRAS - Шпанија . Освен како големо пристаниште ( од каде лани тргнавме за Мароко со траект) , Алѓесирас е и познат и по својот плоштад.. Имено , плоштадот е направен ( со своите клупи , фонтана, огради ) целосно од керамика . Интересни мотиви , керамички плочки кои раскажуваат некоја своја приказна , убави делови од оградата и прекрасната фонтана. Штета што поминувавме навечер , па богатството на бои не беше баш дојдено до израз.

Address

3rd Stone From The Sun
Prilep
7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when This is the WAY posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to This is the WAY:

Shortcuts

Share