СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ е лидер во патниот транспорт од далечната 1953 година.
Сè за вашата транспортна компанија на едно место!
СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ е лидер во патниот транспорт од далечната 1953 година.
Од 1993 стопанската интересна заедница е членка на меѓународната унија за патен транспорт ИРУ со седиште во Женева, преку која ги заштитува интересите на своите членки во меѓународните институции и форуми.
Нуди услуги поврзани со транспортните компании како:
•ТИР •Центар за обука •Картички за дигитален тахограф •Поврат на ДДВ од странство •UTA картички за безготовинско плаќање •Резервација на траект •Осигурување •Правна помош •Професионална проценка на транспортни средства и други проценки •Руски приглашенија •Едукативен информативен месечник “Транспорт и Логистика”.
Мото АМЕРИТ може да се пофали со модерен центар за квалитетен технички преглед во кој се вршат следниве услуги: •Квалитетен технички преглед и регистрација на моторни и приклучни возила •Меѓународни возачки дозволи •АТП преглед •Одобрение за управување со туѓо моторно возило •Калибрација на дигитални и аналогни тахографи •Издавање на пробни таблички и потврда за пробно возење •Сите видови осигурување од сите осигурителни компании
26/04/2023
Средба на македонско - германската комисија за меѓународен превоз на патници и стока 🇲🇰 🇩🇪
Зголемена квота на билатерални и транзитни дозволи за превоз на стока како и на дозволи за трети земји!!!
24/02/2023
09/01/2023
Апликација за остаток на годишни ЕКМТ дозволи
Ве известуваме дека утре, 10.01.2023 година (вторник) во период од 00:01 до 23:59 часот ќе се врши електронско аплицирање за остаток на годишни ЕКМТ дозволи од контингентот одобрен за 2023 година.
Се аплицира за 13 – У6 годишни ЕКМТ дозволи со важност за 2023 година кои се распределуваат согласно член 21 став (10) од уредбата за начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеноста на дозволите за меѓународен превоз на стока, кој гласи:
(10)По исклучок од став (9) на овој член, нераспределените годишни ЕКМТ дозволи кои не се повеќе од 10 дозволи, поради немање возила од соодветен еуро стандард и/или немање просечен односно вкупен број на бодови, се распределуваат на превозниците наредната година по 1-ви јануари, исклучиво за покривање на нови возила, набавени од превозникот во својство на прв сопственик во период од 12-ти октомври до 31-ви декември претходната година и во годината во која се поднесува барањето. Распределбата се врши по електронски пат врз основа на датум на прва регистрација на возилата кои се пријавени во распределбата и заверена потврда од овластен продавач, со што на секој превозник му се доделува една по една ЕКМТ дозвола се додека има ЕКМТ дозволи за распределба и број на возила со соодветен еуро стандард.
Право на аплицирање имаат превозниците кои имаат ново набавено возило со еуро 6 стандард, пријавени во министерството за транспорт и врски од 12 Октомври до денот пред одредената дата за електронско аплицирање, добиле извод од лиценца за меѓународен превоз и е прв сопственик на возилото.
Начин на аплицирање:
Во одредениот ден и период за електронско аплицирање, апликантот треба да ја помине целата апликација која ќе биде објавена на страната на министерство за транспорт и врски: dozvoli-mtc.gov.mk во која внесува податок за број на потребни ЕКМТ дозволи без важност за Унгарија.
Во истиот ден кога се аплицира најдоцна до 16:30 часот, апликантот преку писарницата на Министерство за транспорт и врски доставува документи кои се доказ за набавеното возило, а тоа се:
1. Потврда од овластен продавач на возила во оригинал и
2. Копија од важечки ЕКМТ тест сертификат на денот на аплицирање за влечните возила со кои аплицирате.
Без доставени документи, електронската апликација нема да се земе во предвид при распределба на остатокот од годишни ЕКМТ дозволи.
Извор:
Министерство за транспорт и врски
22/12/2022
Конечна листа на распределени ЕКМТ дозволи
На веб страната на министерството за транспорт и врски, објавена е конечната листа на распределени ЕКМТ дозволи.
Согласно Законот за патен сообраќај на Република Турција, постојат одредени правила и ограничувања кои се проверуваат попатно и кои важат и за домашните и за странските превозници.
Согласно наша информација, дека вагањето на возилата претходно било задолжително само за турските возила, добивме информација од ТОББ и Генералниот директорат за автопатишта во Турција, дека ова правило важи за сите. Досега не се спроведувало за странски превозници поради инфраструктурни/технички проблеми. Пред 1 месец, започнати се контролите на патиштата и ако странски камион не влезе на вага, тогаш се изрекуваат парични казни.
Бест Транзит Сервис
30/11/2022
Прелиминарната листа на распределените ЕКМТ дозволи за 2023 година
Почитувани,Министерство за транспорт и врски ги известува превозниците кои вршат меѓународен превоз на стока дека е извршена прелиминарната распределба на ЕКМТ д...
29/11/2022
29-ти Ноември ден на УЈП одигран пријателски натпревар Америт - УЈП
23/11/2022
👇👇👇
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПУШТАЊЕ ВО ПРОДУКЦИЈА НА ЗЕЛЕНА ЦАРИНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА ВО СОЦДАД
Ве информираме дека утре 23.11.2022 ќе биде пуштена во продукција надградба на Системот за обработка на царински и акцизни документи – СОЦДАД, со која се воведува Зелена царинска декларација. Поради тоа, истиот ќе биде во прекин, утре во периодот од 18-19 часот.
Со оваа новина во царинското работење се овозможува целосно автоматско и бесхартиено завршување на царинската постапка за еден час од поднесувањето на царинската декларација. Ова ќе важи за декларации кои се правилно пополнети, со електронски приложени документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли, и за кои се платени или обезбедени царинските давачки.
Деталите околу новините во постапувањето се дадени на линкот подолу во следните упатства:
Упатство за спроведување на извозна постапка со примена на СОЦДАД,
Упатство за спроведување на постапка за увозно царинење и
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОСЛЕДНИ ТЕРМИНИ НА ПОЛАГАЊА ДО КРАЈОТ НА 2022 година.
За професионални возачи, за АДР сертификати, за управители и советници за АДР се:
Професионални возачи
05.12.2022 година
21.12.2022 година
27.12.2022 година
АДР сертификати
15.12.2022 година
26.12.2022 година
Управители
12.12.2022 година
Советник за АДР
16.12.2022 година
Пријавете се!!!
070222762
BeTransport | Best WordPress theme for transport companies
01/11/2022
Состанок на земјите-членки на БСЕЦ кои учествуваат во проектот „Систем за дозволи на БСЕЦ“
🔝🔝🔝 За 2023 година - зголемување на квотата на дозволи на 5000!
13/10/2022
40 средба на Генералното Собрание на BSEC-URTA
6 октомври 2022 г. Солун
Во согласност со статутот на BSEC-URTA, г-ѓа Оливера Миовска е реизбрана за заменик претседател на BSEC-URTA. Од Меѓународен транспорт (МТ) Александар Спасиќ и ОФАЕ, г. Апостолос Кенанидис се избрани за потпретседатели на BSEC-URTA за мандат од 2023 до 2024 година.
Генералното собрание ги прими во семејството Комерцијалната компанија „Best Transit Service” од Македонија, „One Logistics“ од Албанија, SMP и CBRH Бугарија.
На собранието се дискутираше за актуелната состојба во регионот со влијанието на руско-украинскиот конфликт врз патниот транспорт, дигитализација на транспортните документи, взаемно признавање на сертификати, зголемување на бројот на BSEC дозволи за 2023 година и работна програма за наредната година.
Генералниот секретар на ИРУ Умберто Де Прето и заменик генералниот секретар на BSEC Н.Е. амб. Димитриос Ралис, проектниот координатор на Организацијата БСЕЦ, г. Сергиј Кравченко, советникот на генералниот секретар на PABSEC, г. Натија Гаприндашвили, директорот за економски и трговски прашања на Министерството за надворешни работи на Република Грција, г. Александрос Алексијадис присуствуваа на Генералното собрание.
Be the first to know and let us send you an email when AMERIT posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
Претпријатијата од областа на патниот транспорт во Република Македонија, заради остварување и унапредување на заедничките цели и интереси, организирани се во Стопанската интересна заедница за патен транспорт, согласно Законот за трговските друштва. Заедницата делува под името Стопанска интересна заедница за патен транспорт „Македонија Сообраќај “ АМЕРИТ – Скопје. Од 1993 стопанската интересна заедница е членка на меѓународната унија за патен транспорт ИРУ со седиште во Женева, преку која ги заштитува интересите на своите членки во меѓународните институции и форуми.
Услуги кои ги нуди АМЕРИТ:
• ТИР
• Центар за обука
• Картички за дигитален тахограф
• Поврат на ДДВ од странство
• UTA картички
• Резервација на траект
• Осигурување
• Правна помош
• Професионална проценка на транспортни средства и други проценки
• Руски приглашенија
• Едукативен информативен месечник “Транспорт и Логистика”
Центарот за обука на АМЕРИТ нуди квалитетни обуки за професионални возачи за здобивање на разни сертификати. Центарот за обука на АМЕРИТ е дел од Академијата на ИРУ , која што е целосно посветена на креирање на современи програми за обуки во транспортениот сектор, со раширена мрежа на акредитирани центри за обука ширум Европа. Со добиените акредитации за обука од страна на Академијата Центарот за обука на АМЕРИТ ги спроведува сите обуки со инструктори кои поседуваат меѓународни сертификати:
Сертификати за возачи
АДР сертификати за возачи
Сертификати за АДР советници
Сертификати за управители
Меѓународна соработка и акредитации
Мото АМЕРИТ техничкиот преглед ги вклучува следниве услуги:
Квалитетен технички преглед и регистрација на моторни и приклучни возила
Меѓународни возачки дозволи
АТП преглед
Одобрение за управување со туѓо моторно возило
Калибрација на дигитални и аналогни тахографи
Издавање на пробни таблички и потврда за пробно возење
Сите видови осигурување од сите осигурителни компании