14/05/2026
Соработката со Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со уште една средба насочена кон практично искуство за студентите.
Во рамки на последната посета на Економскиот факултет, беа претставени програмите за пракса во Superior Global Services во областите на регрутинг, маркетинг и сметководство.
Студентите имаа можност да слушнат повеќе за работата во овие сектори, задачите што се дел од секојдневните процеси и знаењата што можат да ги стекнат преку директно вклучување во работниот процес.
Оваа активност е продолжение на досегашната соработка со УГД, преку која студентите веќе имаа можност да го посетат Superior, да ги разгледаат различните сектори и одблиску да се запознаат со оперативниот процес на компанијата.
Ни беше драго што интересот продолжува и што повторно имавме можност да разговараме со студенти кои размислуваат за својот професионален правец уште за време на студирањето.
Благодарност до Универзитетот „Гоце Делчев“, Економскиот факултет и студентите за отворената комуникација, прашањата и интересот.
#Штип #Студенти #Пракса