30/10/2022
Сениорската екипа на Ок Младост УГД со максимален ефект од почетокот на есенскиот дел е на првото место на табелата.
👉 Нашата екипа на домашен терен со убедлив резултат од 3:0 ( 25:10, 25:18, 25:14) ја совлада екипата на Ок Бами Кор од Тетово.
Во прекрасна атмосфера пред преполната сала Јордан Мијалков во Штип, го покажавме нашиот квалитет и посветеност, ја потврдивме и нашата желба да останеме на врвот, макотрпно трасирајќи го патот кон елитата во македонската одбојка.
👉 Карактеристично за овој натпреварувачки викенд беше тоа што презентиравме пред нашата публика дека во нашиот град постојат и компании кои го препознаваат нашиот труд па така нашиот нов пријател IVICATRANS DOO 🚛🚛] несебично инвестираше со нова спортска опрема да го подигнеме нивото на професионалност, да изгледаме како вистински професионален клуб како што ни доликува.
Почитувани, благодарност до вас од целиот тим на ОК Младост УГД, со оваа победа ја оправдавме вашата доверба во нас и со гордост ќе го носиме името на Doo
http://www.ivicatrans.com.mk/
Почитувана публико продолжуваме заедно да се радуваме на уште многу победи и успеси на нашиот заеднички клуб! 🍀IvicaTrans DOO Viktor Nakevski