24/07/2026
🚌🎉 35 ГОДИНИ ПАН-ПРОМЕТ ВЕЛЕС 🎉 🚌 🇲🇰
Денес, со огромна гордост, одбележуваме 35 години ПАН-ПРОМЕТ – три и пол децении исполнети со неуморна работа, посветеност и непрекината доверба. Секогаш кога ќе погледнеме во ретровизорот,гледаме милиони изминати километри, насмеани лица, среќни средби и приказни кои заедно ги напишавме. ❤️
Од семејна компанија основана во 1991 година, ПАН-ПРОМЕТ прерасна во една од водечките транспортни компании во Македонија.35 години вложен труд, милиони изминати километри и генерации патници кои ни ја довериле својата сигурност и своето време. 🚍✨
ПАН-ПРОМЕТ не e само транспортна компанија. За многумина сме првото патување на едно дете, враќањето дома кај семејството, ученичките екскурзии што остануваат засекогаш во сеќавање, патувањата кон море, планина, европските градови и сите оние моменти што гo прават животот поубав.
Горди сме што денес, со повеќе од 90 вработени, модерен и современ возен парк, сопствена автобуска станица и туристичка агенција, секојдневно им овозможуваме на илјадници луѓе да ги исполнат своите патувањa.
Нашата најголема вредност никогаш не биле автобусите или бројките – туку луѓето! Нашите патници, нашиот тим, нашите партнери и сите кои 35 години веруваат во нас. Вашата доверба е темелот на секој наш успех и најголемата причина поради која денес сме тука. 🤝💙
Од срце ви благодариме што сте дел од нашата приказна. Благодарение на вас, овие 35 години се повеќе од јубилеј – тие се доказ дека довербата, чесната работа и посветеноста создаваат вредности што траат засекогаш.
✅35 години традиција.✅35 години доверба.✅35 години сигурност.
✅35 години ПАН-ПРОМЕТ Велес
Ви благодариме што 35 години патуваме заедно! Продолжуваме уште посилно! 🥂💙 🥂✨